Pizza Margherita


Pizza Margherita

Дали ова е роденденот на Пица Маргерита

Само пред 126 години, едно писмо беше напишанно од Гали Камило, шеф на кујната на монархијата на Италија. Во тоа писмо тој изразува благодарност на некое пица мајсторче ( pizzaiolo ) по име Рафаеле Еспосито за правење на “три видови на пица за нејзиното величество кралицата.” Како што вели легендата, таа кралска пица забава кулминираше со објавувањето од страна на Кралицата дека нејзина омилена пица била онаа со моцарела, домати и босилок. Денес ние ја нарекуваме оваа пица Маргерита, именувана по кралицата Маргарита од Савоја. Се мисли дека оваа пица е дизајнирана како симбол на патриотизам, бидејќи доматот,моцарелата и босилокот ги претставуваат трите бои на италијанското знаме.

Pica pismo za Kraliva MargaretaВо реалноста, во писмото не се наведува ништо за италијанското знаме. Дури не се ни спомнува дека Кралицата има некоја омилена пица. Всушност, комбинацијата на домати и сирење се спомнува уште во 1835 година во еден весник од авторот Александар Дима. Најдов една одлична статија во списанието “ Food, Culture & Society“ од страна на еден научник по име Захариј Новак кој го уништува митот за автентичноста на писмото укажувајќи недоследности со кралскиот грб и потписот на Camillo. Тоа е одлично четиво.
Кога сме кај Пицата Маргерита, има едно непишано правило за секој љубител на пица кога нарачува негде пица за прв пат: се нарачува Пица Маргерита! Само така ќе осетиш колку се добри основните и најбитните состојки на пицата – тестото, сосот од доматите и кашкавалот. Ние во Пица Крчма употребуваме исклучително тазе и свежи производи набавени за денот од проверени прозводители, тестото се меси секој ден со брашно од врвен квалитет и кашкавалот е млечен кашкавал од најпознатите светски производители.

Ве молам исечете ја пицата на само 4 парчиња бидејќи не сум доволно гладен за да изедам 8

Дали денес стварно е 126-та годишнина на пицата? Дали е тоа годишнината од Пица Маргерита? Дали е навистина важно? Само свртете некој од нашите телефони нарачајте си пица и прославете го денот.
Прочитајте за алкохолната пица на овој линк.

+ There are no comments

Add yours