Алкохолна пица


Алкохолна пица

Креативноста на човекот нема граници и пак некој го направи невозможното

поца со сушени црешиКомбинираа алкохол и пица на начин кој нема да значи дека после пицата ќе тргнете накај дома тетурајќи се и пеејќи ја “ Напиле се Улице“. Е сега знам дека некој ќе рече дека класичната пица си е Пица со перфектен вкус и никој не може да го подобри совршенството и затоа прекинете да истурате вотка врз моите маслинки и прекинете да пишувате глупости! Но јас мислам дека Алкохолната пица е многу важно откритие за човештвото, отприлика како што беше важен првиот чекор на Месечината. Барем така мислат во Бостонската пицерија Салваторе која е автор на ова ремек дело. Главниот пица мајстор Виктор Паоне експериментирал со некои од пица додатоците – имено, сушени италијанскиот цреши кога дошол до генијалната идеја.
“Кога ја испековме пицата, црешите беа премногу тегави и очигледно моравме да ги потопиме малку во нешто , па решив да ги потопам во Вотка од Малина “. Умен човек, нема што. Се сомневам дека од сега стандардно решение на сите проблеми во животот ќе му биде – “Ова не  функционира! Мора да се стави и да впие Вотка од Малина“. Несомнено добро решение.
Не знам дали пиците се до толку алкохолни или инфузионирани со алкохол што ако сакаш да нарачаш ваква пица ќе мораш да се легитимираш дека имаш наполнето 18 години.
Се чини малку драстично но пица мајсторот Паоне укажува дека алкохолот всушност не испарува додека пицата се пече.” Дефинитивно мозокот нема да ви експлодира од алкохолот во пицата […], но вие дефинитивно можете да го вкусите.” Ете така сега имате уште една причина да не ја споделите фамилијарната пица со никого. Не е само трикот со црешите потопени во алкохол што ја направи оваа пица толку популарна во Америка. Целата пица звучи вкусно. Остатокот на пица додатоци вклучуваат пршута, сино сирење, мед и моцарела. Неверојатно добра комбинација.
Популарноста на оваа пица инспирираше создавање на уште неколку “пијани“ пици. Тие веќе воведоа уште две слични пици во менито.

Првата има спектакуларно име “Пијано прасе“. Тоа е крчкани прасечко месо маринирано во Kahlua, плус карамелизирана јаболка, зачинето со мед и рукола. Kahlua-маринираното свинско месо е најверојатни веројатно едно од најинспиративните пица додатоци за што сум слушнал. Другата пица е “Калабрија праска“ со рум-потопени праски, marscapone крем сирење, моцарела и босилек.

За оние малку постаромодните љубители на пица препорачувам да го прочитаат овој пица блог пост и да си нарачаат некоја од превкусните стандарни пици на Pizza Крчма

+ There are no comments

Add yours